Bentley » Големата осумка отиде во пензија

Големата осумка отиде во пензија

Објавено на 5 јуни 2020 година

После 61 година, познатиот 6¾ литарски V8 мотор на Bentley престана да се произведува. Овој агрегат кој важи за еден од најдолго произведуваните во историјата на автомобилите има официјална ознака Rolls-Royce-Bentley L-серија V8. Развиен е во ’50-тите години, а прв модел во кој се вградуваше беше Bentley S2 со 180 коњски сили. Тогаш имаше нешто помала зафатнина од 6,25 литри, која во 1968-мата со зголемување на одот на клиповите порасна на 6,75 литри. Во 1982 година му е додаден Garrett турбо компресор. Rolls-Royce престана да го користи во 2002-рата, а Bentley продолжи да го модернизира. Додадена му е деактивација на цилиндрите и уште еден турбо компресор со кој силината му се зголеми на 530 коњи. Од него досега се направени 36.000 примероци, а последен автомобил во кој се вградуваше беше Bentley Mulsanne 6.75 Edition by Mulliner. Се склопуваше рачно, за што беа потребни околу 30 часа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER