Аутомотив Груп – Три причини за славење

Свеченото отворање на два нови изложбени салони, за Nissan и Dacia,  сервисниот центар за возилата на групацијата Renault и две македонски премиери на новиот Nissan Juke и Dacia Duster е вистинска бомба која денеска ја активира Аутомотив Груп.

Двата објекти лоцирани на добро познатата локација на улица Скупи се уредени според стандардите на принципалите и се олицетворение на последните норми што марките ги наложуваат за правилно претставување и продажба на своите производи. И двата изложбени салони беа закитени со најновите модели.

Пионерот во класата на компакти купе кросовери Nissan Juke во својата жолта боја и 19 инчни тркала покажува дека со неодамнешното обновување е подготвен да продолжи по патот на успехот.

Неговата внатрешност проследена со високо технолошка опременост го прави да е подеднакво привлечен за младите купувачи и оние кои имаат долго искуство со возилата. Ништо помалку атрактивен е и новиот Dacia Duster, кросовер кој за своето не така долго постоење успеа да се пробие на врвот според продажба во својата класа.

Ако до сега романската филијала на Renault важеше за рационална марка, со новиот Duster се наметнува и кај оние што бараат емоција кај возилата.

Докажан по својот квалитет и издржливост несомнено е дека и со својата нова генерација ќе остане во фокусот на сите оние што бараат вакви возила. Официјалниот почеток на работењето доживеа и сервисниот центар на Аутомотив Груп под чиј покрив содржани се комплетните услуги што треба да бидат опфатени во пост продажбата.

Лоциран во Визбегово, со 14 работни места за механичко сервисирање и одржување, сервисирање на електричните возила, современа лимарија и склад за резервни делови, Аутомотив Груп излегува во пресрет на сите купувачи што довербата ја дале на возилата на Renault, Nissan и Dacia.

Воедно, според изјавите на официјалните лица на застапуваните марки, кои не го криеа задоволството од направеното, ова е најголем објект наменет за сервисирање на трите бренда на Балканот. Не останува ништо сем да посакаме работењето да биде успешно и Аутомотив Груп да продолжи по патот кого долго време успешно го трасира.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER