Audi – за Кина со љубов

насловна Новитети

За секој прстен премиера!

Пред кинеската публика се претстави со нови четири изненадувања

објавено 20. април 2021

Дека кинескиот пазар има огромно значење за ”Господарот на прстените“ покажаа експонатите кои за прв пат се појавуваат пред очите на јавноста. Новиот концепт Audi A6 e-tron и обновениот Audi Q5L се дел од експонатите на заедничкиот изложбен штанд со кинеските партнерски компании FAW и SAIC. Покрај тоа, Audi А7L и студијата едноставно наречена SUV сè уште се завиткани во маскирен филм со името Audi Concept Shaghai . Концепт автомобилot e-Tron, кој е прв врз основа на новата PPE платформа резервирана исклучиво за е-автомобили, е од посебен интерес за Европа како електрична верзија на А6. Седанот Sportback долг 4,96 метри има батерија од 100 kWh се најавува со максимален дострел според WLTP повеќе од 700 километри. 800-волтната технологија треба да осигура полнење на батериите за дострел од 300 километри за само 10 минути! Идната сериска верзија ќе биде произведувана во Европа и Кина и ќе се нуди ширум светот. Со новиот Audi Q5L, брендот сега ја комплетира ревизијата на спортско-корисните возила во верзија со долго меѓуоскино растојание кое ќе продолжи да се гради во фабриката во Чангчун во заедничко вложување со FAW-VW.

Редизајнираниот седан Audi А7L, кој ќе започне со производство во текот на годината, е претставен во сериска верзија.  Произведен во Шангај и резервиран за кинескиот пазар, тој е мешавина од A7 Sportbspack, има потпирање со воздушна суспензија, управувани задни тркала и quattro погон. Студија за теренци со името Audi концепт Шангај сè уште е маскирана. Производствената верзија на целосно електричниот модел долг 4,87 метри ќе биде претставена во втората половина на 2021 година.