Два компактни суперспортисти
Објавено на 7 ноември 2019 година
Audi има намера да ја намали емисијата на јагленород диоксид на своите возила за 30 отсто, но не и да ги скроти RS моделите. Напротив, тие се сé побројни и помоќни. Најнов во низата е моделот Q3, кој располага со искричави 400 коњски сили. Оваа огнена моќ ја добива од 2,5 литарскиот турбо мотор со пет цилиндри, к
ој спарен со седумстепена автоматика го задвижува сите тркала. За лансирање до сто на час му требаат 4,5 секунди, додека максималната брзина електронски е ограничена на 250. Сепак со опционалниот Performance пакет RS Q3 може да постигне и 280 километри на час. Погледите на случајните минувачи ќе ги привлекува со поагресивниот аеро кит со саќеста маска. Каросеријата му е проширена и спуштена, а тркалата се со големина од 20 или 21 инч. Задниот дел се истакнува со спојлерот на покривот, сјајниот црн дифузор и Audi Sport издувниот систем. Посебно внимание ќе предизвика во својата купеовска Sportback изведба, која беше претставена летово. Внатрешноста е дотерана со кожа, алкантара и спортски седишта и педали. Динамичката контрола на стабилноста е сериска, а со доплата може да се добие со матрикс-ЛЕД светла и керамички сопирачки. Нарачките веќе се примаат, а официјалната продажба ќе започне при крајот на годината. Цените стартуваат од 63.500 евра.
Видео


