Audi Q4 e-Tron

насловна Поглед во иднината

Предност преку електротехниката

Ново електрично спортско-корисно возило на ”Господарот на прстените“

објавено 10. март 2021

Досега мнозинството клиенти не ги ставаат на дневен ред, но индустријата се обврза. Електричните автомобили се иднината, или барем важен дел од неа. А со цел да ги убедат клиентите да се префрлат, брендовите мобилизираат некои од најдобрите технички идеи за нивните е-модели. Audi Q4 e-Tron како основа ја користи платформата MEB што се користи низ целата групација и затоа е близок роднина на Volkswagen ID 4. Сега Audi го претставува изгледот вешто камуфлиран само со налепници што привлекуваат внимание. Долг 459 сантиметри, широк 187 сантиметри и висок 161 сантиметар, Q4 e-Tron е прекрасно спортско-корисно возило, но внатрешноста го прави да изгледа значително поголем. Типичната висока позиција на седење е совршена за градскиот сообраќај, а на задните седишта има уште многу простор дури и ако предните седишта се туркаат далеку назад. Дизајнерскиот јазик типичен за Audi е ултрамодерен, со големи застаклени површини, остава впечаток на квалитет и технички е кул.

Екраните, кои можат да се конфигурираат на повеќе начини, се насочени кон возачот, а достапен е и главен екран со доплата, обезбедувајќи големи, тродимензионални информации и упатства за возење што се чини дека лебдат далеку пред автомобилот. Софистицираниот софтвер совршено ги компензира движењата на возилото и гласовната контрола е апсолутно сигурна. Таквиот пристап овозможува пријатна атмосфера во возењето и голема помош за возачот. Со Q4 e-Tron, Audi воведува и целосно нова генерација на управувачи кои имаат ергономска форма и футуристички изглед со четири краци. Не типично за Audi е значително ограничен изборот на дополнителната опрема, а се чини дека ерата на слободно конфигурирани возила во групацијата VW се приближува кон крајот. Како и да е, Q4 e-Tron позитивно се издвојува од другите електрични автомобили, вклучувајќи ги и оние од сопствената групација. Сè уште не се дадени техничките спецификации и затоа може само да шпекулираме. Сепак ќе ги почекаме официјалните податоци кои ќе пристигнат во наредните месеци.