Audi PB18 e-Tron :: Реакција на реакцијата

Реакција на реакцијата

И Audi тргнува по стапките на луксузните производители и ќе понуди модел во строго лимитирано малосериско производство
Објавено на 15 јануари 2019 година

Лани во август на Concours d’Elegance во калифорнискиот Пебл Бич Audi го покажа уникатниот PB18 e-Tron, кој не предизвика некои реакции во јавноста. Сите мислевме дека се работи само за дизајнерско-техничка акробација на марката и не му дадовме некое значение. Демантот дека сме биле во заблуда стигна од Инголштат во вид на потврда дека овој модел ќе се најде во сериско производство, но строго лимитирано на само 50 примероци.

Овој модел претставува сé што марката со четири прстени немала во историјата. Ознаката му е наменска – буквите се кратенка од Пебл Бич, бројките годината во која е претставен а додавката e-Tron означува дека се работи за електрично возило. Суперспортско во основа, но со своевидна shooting brake форма со багажник од 470 литри и централна позиција на возачот. Долг е нешто над 4,5 метри, широк точно два а висок само метар и 15 сантиметри. Предвидено е да го задвижуваат три електромотора, од кои два се назад и еден напред. Располагаат со вкупно 775 коњски сили, кои ќе го забрзаат овој 1.550 килограми тежок автомобил до 100 километри на час за нешто над две секунди. Од Audi наведуваат дека PB 18 E-Tron со едно полнење на батериите од 95 киловат-часа ќе може да помине околу 500 километри, но и дека тие на брз полнач можат да се дополнат за само 15 минути. Во пакетот чија цена не е објавена, уште се вклучени и светла со Matrix технологија, OLED инструмент табла и тркала од 22 инча.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER