Огнена лимузина
Audi го претстави предизвикувачот на Tesla Model S
Објавено на 29 ноември 2018 година
На салонот во Лос Анџелес Audi имаше огнена премиера – ја претстави електричната лимузина e-tron GT, која по сé изгледа е предизвикувач на Tesla Model S. Концепциски и според габаритите доста сличен на А7, овој луксузен модел е развиен во соработка со Porsche и ја користи истата платформа и погонскиот склоп како и идниот Taycan. Неговите два електромотора развиваат 590 KS, што е доволно за спринт до стотка за околу 3,5 а до 200 за 12 секунди. Најголемата брзина ќе биде ограничена на 240 km/h, а му се предвидува автономија поголема од 400 km. Видливо спортски настроен, концептот беше украсен со бројни провокативни детали, како на пример 22-инчните тркала со пневматици со димензии 285/30. Внатрешноста е со hi-tech изглед, а меѓуоскиното растојание од 2,9 метри на Audi e-tron GT му нуди комфор на ниво на А6.
Оно што е најинтересно е дека премиерата на серискиот модел ќе биде 2020-тата година во Женева.