Audi E-Tron ги отвори вратите

Audi E-Tron ги отвори вратите

Како се доближува премиерата на Audi E-Tron, така Германците подобро нé запознаваат со него
Објавено на 5 јули 2018 година

Иако сé уште не е познат точниот термин за претставување на Audi E-Tron, тоа не е причина Германците да забават активностите околу тоа. Така, после серијата настани каде првиот електричен модел на марката се провози низ улиците на неколку европски градови, од Audi сега ни пристигнаа детали и за внатрешноста на овој модел. И тоа од специјално организиран настан во Копенхаген, каде електричниот кросовер заблеска пред присутните освојувајќи ги нивните суперлативи. Како што и требаше да се очекува, се забележува футуристичкиот пристап кој сигурно ќе се пресели и во останатата гама на производителот од Инголштат. Прво што паѓа во очи е, да го наречеме така, аглестиот пристап во дизајнирањето. Ризикот да биде оквалификуван како монотон е избегнат со нешто потенките отвори за воздух, црните инсерти и осветлените детали, кои воопшто не го свртуваат погледот од трите дисплеи кои всушност се пет, бидејќи постојат уште два монтирани на самите краеви од инструмент таблата кои служат за прикажување на сликата од „ретровизорите” – наводниците се неопходни бидејќи место нив се монтирани камери кои ја вршат Audi E-Tronцелата работа за погледот наназад. Како што се дознава, овие виртуелни ретровизори засега ќе бидат понудени како опција. Покрај сето ова, остатокот од кабината на Audi E-Tron изгледа невообичаено конзервативен, иако тоа воопшто не е. Купувачите ќе можат да бираат меѓу селекција материјали и обработки, како и врвна аудио-опрема од Bang & Olufsen. За останатото сепак ќе мора да се почекаат спецификациите, кои ќе бидат различни за секој пазар.

Првично Audi E-Tron беше планиран за претставување на 30 август, но заради апсењето на Руперт Штадлер тоа официјално не е потврдено и не се знае точниот термин кога овој напреден кросовер ќе ја збогати нашата сегашност со своето присуство, посебно на оние кои ќе одвојат најмалку 60 илјади евра за него.

Audi E-Tron

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER