Audi e-tron – лидер во сегментот

Вести Новитети

Вистинските изненадувања допрва доаѓаат!

Секојдневната употребливост клуч за успехот

објавено 24.07.2020

Во првата половина на 2020 година, Audi испорача 17.641 парчиња e-tron на клиентите ширум светот. Ова прави пораст од 86,8 проценти во однос на претходната година – и покрај тешката состојба на пазарот заради пандемијата на коронавирусот. Целосниот електричен модел успеа да се одвои од своите конкуренти во електрични спортско-корисни возила, а воедно е најпродаваниот електричен теренец во Европа.

Најголемата популарност ја има во Скандинавските земји, особено во Норвешка која е пионер во електричната мобилност и каде Audi e-tron е најпродаван патнички модел во првата половина ан годинава. Позитивни бројки доаѓаат од Исланд каде дури 93% од пазарот на електрични возила е окупиран од ”господарот на прстените”, во Шведска зазема 12% а во Израел 14% од пазарот на адекватни возила. Успехот на Audi e-tron најмногу се должи на лесната употребливост, големиот простор, автономијата од реални 446 километри според WLTP, како и поради батериите кои може да се полнат на брзи полначи со капацитет до 150 kW на кои за дострел од 110 километри полнењето трае пократко од 10 минути додека 80% од капацитетот на батеријата се остварува за 30 минути.

Од голем придонес за угледот што го ужива електричниот Audi е e-tron услугата за полнење која покрива 155.000 јавни точки за полнење во 25 земји достапни со една картичка. Кога се наоѓа во странство возилото може да се полни без дополнителни трошоци а по цена на струјата на локалниот пазар. Оваа операција за олеснува апликацијата myAudi app и навигацијскиот систем преку кого при планирањето на рутата се добива списокот на местата за полнење и кои терминали се мометални достапни за полнење. Audi e-tron означува почеток на широка офанзива во која ќе бидат вклучени дваесеттина потполно електрични модели до 2025 година. Audi e-tron Sportback се придружи на електричното семејство пред три месеци додека повеќе остварувања се очекуваат во текот на идната година кога треба да се комерцијализира спортскиот Audi e-tronGT како и неколку нови спортско-корисни возила од семејството Q.