Audi AI:Trail Quattro » Како за на Марс

Како за на Марс

Новиот концепт на Audi изгледа како да е направен за снимање филм како луѓето го колонизираат Марс

Објавено на 12 септември 2019 година

Електричен, автономен и фантастичен – така најкратко и најверно би се опишал Audi AI:Trail Quattro концептот. Не е наменет ниту за снимање филм, ниту пак за вистинско колонизирање на Марс, туку има задача да ги прикаже напредните идеи на марката и капацитетите способноста на нивните дизајнери. Во основа е некоја чудна комбинација на SUV со футуристички линии и супериорни можности за совладување секаков терен. За тоа ќе се грижат четирите електромотори распоредени на секое тркало по еден, со вкупно 435 KS и 1.000 Nm. Нема диференцијали и сé е контролирано од електрониката. Audi не објави премногу технички детали за него, туку само наведе дека автономијата му изнесува меѓу 400 и 500 при возење на асфалт и половина од тоа на терен. Долг е само 4,15 метри, а брзината му е лимитирана на 130 km/h. Карактеристика му е тоа што нема класични светла – таа улога ја преземаат дроновите сместени на покривот кои кога треба летаат пред возилото и му го осветлуваат патот. Плус на тоа, опремени се со камери и на возачот му праќаат слика од теренот што го очекува. Што и кога ќе се испили од овој концепт во сериска форма, навистина е тешко да се каже.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER