Audi A4 – Освежување за бестселерот

Освежување за бестселерот

По 4 години во производство најважниот модел на Audi доби освежување

Објавено на 23 јули 2019 година

Благодарение на софистицираните елементи кои го нагласуваат целокупниот дизајн, новиот Audi A4 изгледа подинамично, поспортски и пософистициран од својот претходник. Надворешноста е оформена по новиот дизајнерски јазик на брендот, MMI инфозабавниот систем сега е како паметен телефон и повеќето изведби доаѓаат со благ хибриден погон. Ова исто така се пренесува и на спортскиот S4 модел кој под својата хауба сега има V6 TDi мотор со електричен компресор кој дозволува забрзувањето да се одвива спонтано.

Singleframe предната решетка е поголема и самиот нејзин дизајн наведува на моќта која е под хаубата. LED светлата сега доаѓаат како стандардни, а достапни се и супериорните Matrix LED светла со автоматско соборување. Со новиот MMI систем Audi овозможува контролирање на сите значајни функции со операции слични на смартфон. Големината на дисплејот е 10 инчи, има висока респонзивност и одлична графика, а вклучува и интернет пристап. Директно пред погледот на возачот се наоѓа добро познатиот Virtual Cockpit, кој со големина од 12,3 инчи дозволува преглед на сите важни информации на возачот.

Audi ќе го понуди новиот A4 со 8 турбо мотори со моќност од 150 до 347 KS. Благиот хибриден погон кој сега е достапен и во А4 има систем со 12 волти служи за намалување на потрошувачката на гориво и го олеснува самиот процес на возење. Во почетокот, сите верзии на А4 ќе се нудат со автоматски S-tronic менувач со седум степени или Tiptronic со осум.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER