Audi 🏁 Не еден, не два, туку шест нови RS модели

Не еден, не два, туку шест нови RS модели

По повод 25-годишнината од појавувањето на RS 2 Avant, Audi ќе лансира шест нови модели со оваа значка

Објавено на 12 август 2019 година

Точно пред 25 години, се појави првиот високоперформансен модел на Audi кој ја носеше ознаката RS – моделот RS 2 Avant, познат и како Audi 80 RS 2 бидејќи беше направен на основа на овој модел. Беше задвижуван со 2,2 литарски турбо бензинец со 5 цилиндри кој произведуваше 315 KS и заедно со 6-степениот мануелен менувач и Quattro погонот на сите тркала ветуваше многу. Но никој не беше свесен дека ветува сé, па дури и повеќе – тоа го сфаќаме денес, четврт век подоцна.

По тој повод, Audi реши да ја вжешти есента со дури шест нови RS модели. Бидејќи во моментов понудата се состои од седум вакви улични тркачи, јасно е дека дел ќе бидат нивни унапредени верзии. Германскиот производител воопшто не специфицираше што има намера да лансира, но се очекува еден од нив да биде RS Q8 кој под хаубата ќе го има 4,0-литарскиот твин-турбо V8 од Lamborghini Urus, со силина намалена на некои 600 коњи. Други два сигурни се RS 6 Avant и RS 7 Sportback со истиот, но нецензуриран мотор со сите 650 коњи. Претпоставките понатаму се движат до RS Q3 и RS Q3 Sportback, кои би биле опремени со 2,5-литарски петцилиндричен агрегат со 420 KS. Последниот шести модел е во рамките на мистериозното, иако се споменува редизајнирана верзија на RS 4 Avant, која всушност е директен наследник на 25 години стариот основоположник на RS расата. Тој би го имал фамилијарниот твин-турбо 2,9-литарски V6 со 450 KS.

Повеќе за сé ќе дознаеме точно за месец дена, кога франкфуртскиот IAA ќе ги отвори своите врати.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER