Aston Martin – Valhalla

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Широко раширени крилја

Трендовското и корисното споени во име на перформансите

објавено 16. јули 2021

Со концептот Valhalla Aston Martin го најавува својата нова интерпретација на супер спортски автомобил. Името го црпи од нордијската митологија, но главна цел му е да биде доминантен на асфалтот.

Опремен е со хибриден погон со два електромотори и испорачува вкупно 950 коњи од кои 750 доаѓаат од средишно поставениот бензински V8 со зафатнина од четири литри.

Понатаму во податоците се наведува дека има 1000 Nm максимален вртежен момент и дека се користи нов осумстепен менувач со двојна спојка и специфични електрични функции.

Подоцнежната сериска верзија на Valhalla треба да може да помине 15 километри само со електрична енергија за што максималната брзина во електричен модус на возење е ограничена на 130 км/ч.

Со мобилизирање на целата моќност, може да се достигнат 330 км/ч и да се забрза од нула до 100 км на час за две и пол секунди.

Тежината е помала од 1550 килограми а главна цел во периодот на докажување е да се покори најтешката патека на Светот, легендарниот Нурбургринг каде Valhalla треба да го покори Нордшлајфе за помалку од шест и пол минути.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER