Aston Martin V12 Speedster » Она вистинското (со видео)

Top News Новитети

Она вистинското

Објавено на 8 март 2020 година

Достоен гордо да го носи логото на 107-годишната марка, во долгиот нос на Aston Martin V12 Speedster е сместен 5,2 литарскиот мотор навиен на 700 коњски сили. Со него тој забрзува до 100 километри на час за 3,5 секунди иако нема ветробранско стакло ниту покрив. Изведен е како уникатна комбинација на DBS Superleggera и Vantage и располага со мноштво карбон. Такви му се и сопирачките зад 21-инчните тркала, кои ќе помогнат да запре од максималните 300 километри на час. И во отворената внатрешност се останува без многу коментар. Ги нема денес сеприсутните екрани, а место касета пред совозачот се наоѓа пренослива кожена торба. Планирано е да се произведат 88 примероци по цена од 765.000 фунти.

видео

клучни зборови: