Arteon – Shooting Brake PHEV

Заводлив караван

По стапките на Passat

Објавено 01. декември 2020

Volkswagen објави и веќе е присутен на германскиот пазар со новиот рафинат на Arteon во форма на Plug-in Hybrid. Чини 51.064 евра, што го прави за 900 евра поскап поскап од својот близнак. Тоа се оправдува со кројачки дотераната Shooting Brake каросерија. Наведениот стандарден опсег до 59 километри е веќе препознатлив од претходно претставените хибриди на VW. Предноста е што може да достигне и одржува брзина од 140 км/ч само на електричен погон. Cистем испорачува вкупно 218 коњи проследени со вртежен момент од 400 Nm. Arteon e-Hybrid забрзува до 100 км/ч за 7,8 секунди и достигнува максимална брзина од 222 км/ч. Батеријата постојано се полни, делумно преку обновената енергија добиена при сопирање или возење на низдолници и може да се вози повторно за кратко време само на електричен мотор. VW Arteon e-Hybrid има вкупен опсег од над 900 километри што е респектабилна дистанца и за автомобил од класата опремен со дизел мотор. Пла-ин хибридната изведба достапна е во две нивоа на опременост. И кај двете стандарден е виртуелниоти кокпит.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER