AMG – воведува електрификација

Занимливости Поглед во иднината

И ти ли сине Бруте???

 

Дури и оние што им се на прво место октаните, се шалтаат на струја

објавено 26. јануари 2021

Делот на Daimler за перфромансни возила во скора иднина ќе понуди деривати на целосно електричните модели EQ. Ова го објави шефот за развој на Daimler, Маркус Шофер оваа недела во интервју по повод презентацијата на компактниот автомобил EQA. Дизајнерските пакети AMG се веќе достапни за EQC и EQA, но во иднина треба да се создадат вистински варијанти на AMG со значително помоќни погони. Стратегијата за електрификација во AMG сега влегува во следната фаза. AMG веќе долго време се залага за plug-in хибриди, а најдобар пример е супер спортскиот автомобил Project One и дериватот од приближно 800 коњи на четири-вратниот AMG GT 73 се очекуваат за годинаva. Следната C-класа од AMG ќе излезе на пазарот како хибридизирана верзија со четири цилиндричен мотор. AMG исто така треба да ја задржи независноста со која марката се разликува од Audi Sport и BMW M GmbH, кога станува збор за електрични модели. Компанијата од Афалтербах ќе остане на „долгиот поводник“ до ново известување, дури и ако AMG е во целосна сопственост на Daimler од 2005 година.