Амбициите на Volvo

Објавено на 26 јуни 2018 година

На средината на циклусот за препородување на компанијата, Volvo ги објави новите уште поамбициозни планови за иднината. Очекувано, базирани се на електриката и самовозечките автомобили. Овие два тренда вградени во долгорочната стратегија предвидуваат до 2025 година половина од продадените возила да бидат електрични, а една третина автономни. Значителни напори ќе се вложат и во нудењето нови услуги, пред сé претплатата на автомобилите место нивно купување. Во поглед на ова, Volvo очекува до споменатиот термин да има милиони вакви корисници. Според директорот на компанијата Хакан Самјуелсон барањата на купувачите се менуваат заради што е потребно и брзо менување на плановите. Новите иницијативи ќе овозможат Volvo да се трансформира од производител на Volvoавтомобили во компанија која директно ќе им нуди комплетна услуга на своите клиенти. За да успеат во тоа, тој додаде дека е неопходно нивните возила да бидат подобри од другите премиум марки. Ќе се проширува и гамата, а значајно ќе биде и учеството на пласираните возила на останатите компании што нудат автономен превоз. Финансиските трошоци за остварувањето на планот ќе се делат со Polestar и Lync&Co.

Volvo со својата трансформација започна во 2010 година, кога Geely групацијата го откупи од Ford за 1,8 милијарди долари. Кинезите оттогаш вложија многу пари во развојот на новите возила и технологии, така што резултатите беа неминовни. Лани остварените рекордни резултати со продажбата на 570 илјади возила навестија дека е потребна нова стратегија за понатамошен развој.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER