Alpine A110 R Ultime – Инженерско совршенство скапо колку Ferrari (видео)

Alpine ја лансираше прошталната серија на А110

Не е за секого – пораката е јасна уште кога ќе се погледне цената која изнесува 330.000 евра. За сите тие пари кои можат да ги одвојат само колекционерите и најзакоравените ентузијасти се добива инженерско совршенство кое досега нема излезено од погоните на Renault.

Безмалку формула 1 во каросерија на ретро спортски автомобил – Ultime верзијата на Alpine А110 зрачи со стравопочит не толку со изгледот колку со бројките – ако се троши бензин од 102 октани развива 345 KS и 420 Nm со чиј ангажман до 100 km/h ќе стигне за 3,8 секунди што рака на срце е само десетинка побрзо од стандардната R верзија.

Најголемата брзина е 280 km/h но заради тежината од само 1.170 килограми која дава сооднос од 3,4 kg/KS се сместува во друштвото на најчистокрвни спортски автомобили на пазарот.

Колку вистина има во тоа ќе дознаат точно 110 купувачи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER