Уште еден кинески производител на возила фрли око на Европа
Дали Европјаните ќе му дадат зелено светло ќе дознаеме на салонот на автомобилите во Женева
Објавено на 30 јануари 2019 година
Како и другите, и новата кинеска компанија Aiways за сојузник ќе ја има електриката. Најавени се повеќе кросовери и барем по еден седан и моноволуменец. Првиот модел со ознака U5 веќе е покажан во Кина. Конструкцијата му е иновативна и модуларна а располага со 190 коњски сили и батерии кои му овозможуваат автономија од 460 километри. Сепак поинтересен е и спортскиот RG Nathalie зад кој стои познатиот Роланд Гумперт. Она што не му успеа со суперспортскиот Apollo тој се надева дека ќе го стори со помош на двоседот со четири електромотори со вкупно 550 коњски сили. Струјата ќе ја добиваат од горивни ќелии кои работат на метанол, а автономијата му изнесува 850 километри. Постигнува максимални 305 километри на час, а забрзува како формула 1. Се очекува неговата цена да изнесува околу 400.000 евра.
Aiways во Кина гради фабрика со капацитет од 150.000 возила годишно, кој имаат во план двојно да го зголемат.
Видео