Изненадување во градот на ангелите
Иновативната компанија Aitekx претстави пикап чиј изглед многу ни е познат
Малата и млада калифорниска компанија Aitekx реши со пикап кој премногу наликува на Tesla Cybertruck да ги одведе посетителите на салонот на автомобилите во Лос Анџелес во иднината која според нив е замислива и изводлива. Со фокус на страста, луксузот и off-road авантурите, RoboTruck 1T како што е наречен со својата вештачка интелигенција треба да го редефинира автомобилскиот пејсаж. Од клучните карактеристики се издвојуваат автономијата до 880 km, забрзувањето до 96 km/h за 3,5 секунди и најголемата брзина од 265 km/h.
Од својата инспирација е пократок за цел метар, а според компанијата која веќе прима нарачки за него со депозит од само 100 долари, ќе доаѓа во неколку изведби – со погон само на задните или на сите четири тркала, како и со двојна или единечна кабина. Стартната цена му е позиционирана на 45 илјади долари, а производството ќе започне во 2025 година. Во план е и негова SUV верзија со три реда седишта.