ADAC предупредува – Евтиното може да биде многу скапо!

Германскиот ѕид тврд за Кинезите

Е-автомобилот од Кина потфрли на тестот за судир на ADAC

објавено 20. јануари 2021

Кина има масовно производство на електрични возила. Во нај населената земја на планетава активни се повеќе од 120 марки посветени на електрификацијата. Сосема нормално дека тие имаат извозни амбиции, а како главен адут е ниската цена. Еден од таквите примери е електричниот автомобил поевтин од 10.000 евра Suda SA01. Германскиот автомобилски клуб (ADAC) го стави под лупа првиот модел на производителот на германскиот пазар и откри значителни дефекти во обработката и слабите возни карактеристики. Покрај тоа, безбедносната опрема не се покажа адекватна при тестот за сурид. Suda SA01 нема ниту воздушни перничиња ниту ESP. Возилото може да се продава само во ЕУ затоа што излегува на пазарот како дел од легислативата која одобрува продажба на мало сериски возила. Речиси целосниот недостаток на опрема за пасивна безбедност е особено забележлив при тестот за судир. Во фронтален судир со 64 км на час, главата и градите на возачот силно удриле во управувачот, што би довело до многу сериозни повреди. Компонентите под контролната табла исто така предизвикале повреди на колената и бутовите на патникот. Покрај недостасокот на воздушни перничиња во седиштата на возачот и совозачот, негативно влијание имаше и немање на затегнувачи на безбедносните ремени. Штетите на возилото по несреќата биле толку големи што вратата на возачот не можела да се отвори. Исто така, Suda нема заштитни уреди со кои спасувачите можат да го исклучат високонапонскиот систем на автомобилот. ADAC не само што е критичен кон резултатите од тестот за судир, туку и кон однесувањето на Suda во возењето. При брзина од околу 70 км/час, возилото се лизна за време на тестот за заобиколување поради недостаток на ESP и повеќе не можеше да се управува. Покрај тоа, постои долго растојание за сопирање во просек од 42 метри од 100 км на час. ADAC критикува дека производителот користи кратенка за влез на германскиот пазар преку едноставната процедура за добивање на одобрение за продажба на мали серии. ADAC би сакал и се залага производителите на возила кои настапуваат на пазарот како малосериски да ја нудат најновата технологија а не површни решенија. Ниската цена што се плаќа при купување, во случај на судир може да чини многу по безбедноста. Затоа е покрената иницијатива до законодавниот дом на Германија за корегирање на легислативата со цел зашта на граѓаните.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER