ABT – Cupra Leon

насловна Новитети

Колективно засилување

Посветеноста на спортот резултира со четвртата посебна изведба на Cupra

објавено 20. август 2021

Младиот бренд влече многу искуство од својот донатор. Таков е примерот со најновото освежување во портфолиото на Cupra. Leon е докажан во класата на динамични компакти, познат по своите верзии со силни мотори. Понудени беа машини од 300 и 310 коњи за караванската верзија.

Но, тоа како да не беше доста па прсти замеша партнерот во тимот на Cupra во серијата натпревари на теренски електрични возила Extreme E. ABT е докажан во авто спортот влечејќи огромно искуство во најпредизвикувачките шампионати па не беше проблем да ги надгради постоечките мотори за по 60 коњи! Сега хечбекот Leon VZ има 360 и караванот 370 коњи со еднаков вртежен момент од 450 Nm.

Направени се неопходни дотерувања на потпирањето, ставени се нови пружини и адекватни амортизери што ја приближи каросеријата до асфалтот на двете верзии за три сантиметри. За креирање на индивидуален впечаток 20 инчните тркала може да се нарачаат во сјајна или мат црна боја. Цената на пакетот чини помалку од шест илјади евра без трошоци на инсталација и хомологација.