Abarth – F595

насловна Новитети

Во име на минатото, се слави иднината!

Под знакот на Шкорпијата доаѓа уште една специјална серија…

објавено 18. јули 2021

Ознаката F595 јасно укажува дека новата ограничена серија на Abarth тесно е поврзана со специјално направените натпреварувачки возила кои ја носат ознаката „Формула“. Тој е опремен со 1,4 литарски мотор со моќност од 165 КС кој се употребува во Формула 4.

Овој, петти годинава специјален модел, ја одбележува  50-годишнината од претставникот во Формула Италија изработен од Карло Абарт. Моторот на F595 го надополнува турбо компресор од Garret, обезбедува максимален вртежен момент од 230 Nm при 2250 вртежи во минута и му дава максимална брзина од 218 км/ч.

Со рачен менувач, малиот Abarth забрзува до стотка за 7,3 секунди, со опционалниот секвенцијален автоматик за 0,1 секунда повеќе. F595 има новоконфигуриран спортски издувен систем со четири вертикално поставени издувни цевки кои можат да го развијат својот целосен звук со само едно притискање на копче.

За специјалната серија беше развиен сет F595, во кој сините елементи на дизајнот се контрастни со црно обоените алуминиумски тркала. Abarth F595 се нуди во својата хечбек каросерија и како кабриолет.