Abarth – 695 Esseesse

насловна Новитети

Прави срцето да чука побрзо!

Кога во мода се ограничени серии тогаш Италијаните се на свој терен

објавено 06. јули 2021

Во чест на потсетување на истоимениот модел од 1964 година, Abarth го претстави 695 Esseesse. Секако, во ограничена серија од 1390 примероци рамномерно распределена помеѓу две бои и тоа Шкорпион црна и Камполо сива по 695 парчиња од секое.

Се разбира дека веднаш се класифицирани како „Колекционерско издание“. Во дизајнерски смисол се додадени бројни амблеми, бели и црвени надворешни акценти, како и двојните титаниумски издуви цевки дело на Акраповиќ кои го подвлекуваат посебниот карактер на Esseesse.

Соодветната боја на каросеријата ја земаат шевовите, додека школките за седишта се бели, а безбедносните ремени се црвени. Добро познатиот мотор од 1,4 литри со моќност од 180 КС се наоѓа под нова хауба со двојна заобленост изработена од алуминиум.

Впечатливиот варијабилен заден спојлер може да се прилагоди во 13 позиции од 0 до 60 степени и доминира со задниот дел. Кога  целосно е наклонет (60 степени) при брзина од 200 км/ч го зголемува аеродинамичкото оптоварување до 42 килограми.

Кога пак е во нулта позиција му овозможува на 695 Esseesse да достигне максимална брзина од 225 км/ч. На малиот спортист  потребни му се 6,7 секунди за спринтот од 0 до 100 км/ч. Abarth 695 Esseesse на европските пазари чини 33.990 евра.