Тестирањата се во финална фаза и не е чудо Abarth 600е набрзо да биде комерцијализиран
Првото појавување во јавноста Abarth 600е го имаше вчера во Милано на чии улици се снима рекламниот спот за најсилниот модел што ја носи значката со шкорпија. Тој е електричен и располага со 240 коњи, 84 повеќе од најсилната изведба на донаторот FIAT 600е. Првата фотографија ja покажува „злобната“ страна на специјалното издание Scorpionissima. Само 1949 купувачи ќе можат да ги поседуваат атрибутите на најсилниот произведен Abarth кој воедно ќе биде уникатен помеѓу електричните автомобили. Опремен е со механички диференцијал кој овозможува одлична стабилност, подобрено управување и тракција. За него производителот тврди дека е подготвен, возбудлив, мускулозен и агресивен. Најверојатно тоа набргу ќе се потврди.