Abarth 595 – ажуриран за 2021 година

Четири верзии на лутиот шкорпион

Стилот и перформансите како императив

објавено 25. јануари 2021

Сосема природно дојде до освежување на ”напумпаните” верзии што Abarth ги прави врз основа на популарниот FIAT500. Адутите се свежи ентериери, нова палета на бои и уникатни детали во сите четири верзии. 595, Turismo, Competizione и Esseesse дополнително ги истакнуваат карактеристиките на брендот Abarth со нова технологија и повеќе опции за персонализирање од кога било досега. Каросериски сите се понудени во хечбек и кабриолет верзии. Четирите нивоа на опременост варираат во моќноста која се движи од 145 до 180 коњи, а сите единици се во согласност со нормата Euro 6D. Abarth 595 е опремен со мотор 1,4 T-jet, достапен во три нивоа на сила. За моделот 595 резерврирани се 145 КС, кај верзијата Turismo моторот е дотеран на 165 КС, додека кај 595 Competizione и 595 Esseesse се пумпаат 180 коњи!

Овој последниот е опремен со турбина Garrett GT1446, механички диференцијал за самозаклучување, Koni FSD амортизери на двете оски и Brembo сопирачки. Сите варијанти на моторот 1.4 T-jet се спарени со 6-степен мануелен менувач, а Turismo, Competizione и Esseesse можат да бидат опционално опремени со роботизиран секвенцијален менувач со менувачки лопатки зад воланот. Најевтината верзија со штитот на Abarth би чинела околу 20.000, додека најскапата преку 35.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER