Најбрзиот стана уште побрз. BYD со својот спортски автомобил Yangwang U9 Extreme го подобри сопствениот лански рекорд и сега стигна до 503,17 километри на час!
Неверојатниот подвиг беше постигнат на екстремно права и широка автопатска делница во Абу Даби, чиј асфалт претходно беше детално проверен за да биде во перфектна состојба. Тоа беше неопходно бидејќи за време на подготовките за соборување на сопствениот рекорд дојде до тежок инцидент во момент кога хиперавтомобилот се движеше со брзина од некои 450 километри на час.
Возилото беше целосно уништено но најважно е што кинескиот тест-возач помина без никакви повреди, барем физички – конструкцијата на кабината од јагленородни влакна практично остана нечепната.
Не дојде до пожар ниту на електричниот систем кој работи на 1.200 волти и располага со електромотори со вкупно 3.019 коњски сили. За тоа колкави беа упорноста на тимот и вербата дека ќе ја постигнат поставената цел сведочи и фактот што после деталното анализирање на собраните податоци се продолжи со тестирањата.
На крај успеаја за прв пат во историјата да надминат 500 километри на час, и овој пат како и лани со Германецот Марк Басенг зад управувачот. Од овој автомобил ќе бидат направени 30 примероци по цена од 3 милиони долари.


