Порше Македонија го претстави новиот Audi Q7

Љубов на прв поглед!

Кога Audi го претстави Q7 наговести дека е нешто посебно. По неколку месеци тој пристигна во Македонија.

На првото рандеву се потврдија тврдењата на производителот. Новата генерација на Q7 едноставно ве маѓепсува со мускулестата каросерија, скулптуралниот дизајн проткаен со детаљи што само го интензивираат чувството на моќ и надменост. Не криејќи ја сопствената возбуда, генералниот директор на Porsche Macedonia, Златко Муцунски, истакна:

„Audi Q7 не е само автомобил во нашата гама – тој е столб на семејството на Audi и симбол на довербата што нашите клиенти ја градат со години. Со гордост продолжуваме да ја предводиме трансформацијата на пазарот, носејќи модели кои обезбедуваат врвен престиж, сигурност и безвременски квалитет“.

Во рамки на деталната презентација бевме детално запознаени и лично се уверивме во прецизноста на изработката, комфорот, раскошната опременост и интелигентната дигитализација. Сите изведби на Audi Q7 ги задвижуваат моќни и ефикасни мотори опремени со најновата MHEV plus (mild-hybrid) технологија,

легендарниот quattro постојан погон на сите тркала и адаптивна воздушна суспензија за врвна стабилност на секаков терен. Новиот Audi Q7 и официјално е достапен во салонот на Audi во Porsche Macedonia.

Тимот ги поканува сите заинтересирани љубители на брендот да го посетат салонот и лично да се уверат во супериорноста на овој модерен и луксузен SUV. Покрај честитките, се надеваме дека наскоро ќе го имаме на тест возење.

Поврзани линкови:

Audi Q7 – Конечно, по десет години, нова генерација

 

Audi Q7 – Највисока оценка на EuroNCAP

Видео:

https://youtu.be/zZSd-ARLZvc

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER