Hyundai Staria Cargo Electric

После иницијалниот успех на Kia PV5, групата Hyundai одлучи во Европа да ја понуди и електричната верзија на Staria која посебно е интересна во својата товарна изведба.

Со димензии е доста блиску до поголемиот Kia PV7, но се користи друга платформа. Архитектурата работи на 800 волти што овозможува полнење на батериите од 10 до 80 отсто од капацитетот за 20 минути. Автономијата е проценета на 450 километри, а невообичаено за оваа класа возила максималната брзина изнесува 184 километри на час.

Изведено да ги спои можностите на електриката со практичноста за секојдневна професионална употреба, Staria Cargo има три седишта и е проектирано е да носи 1.040 килограми. Товарниот простор е долг 2,5 и широк 1,64 метри има зафатнина од скоро 5,5 кубни метри. Може да се влече приколка тешка два тона. За погон се грижи електромотор од 218 коњски сили а подржано е и напојување на надворешни уреди со струја.

Испораките на почетокот ќе бидат ограничени само на одредени пазари. Цената без давачки е поставена на 40 илјади евра без давачки.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER