Audi Q7 – Конечно, по десет години, нова генерација

Вредеше да се чека една деценија за третата генерација на Q7 кој има мускулест дизајн и респектабилни технологии

Audi го претстави Q7 од третата генерација, и иако овој пат неговата позиција како водечки кросовер од Инголштат ќе ја заземе, за кратко време, уште поголемиот Q9.

Сепак во Q7 не е штедено на луксуз и се држи до својата 20 годишна мисија да го напаѓа BMW X5 и Mecedes GLE. Во споредба со стариот, кој уживаше во долг 10 годишен животен век, новиот Q7 изгледа многу помускулест.

Повисокиот преден дел, суптилно раширените предни и отечените задни браници му помагаат да проектира цврста самодоверба што купувачите на луксузни кросовери ја посакуваат, иако меѓуоскиното растојание од 3 метри остана не променето.

Големата предна решетка има преголем центар со мрежест дизајн, а Q7 генерација 3, исто така, носи промена на распоредот на двокатните поделени фарови што Audi веќе го користи на модели како Q6 e-tron. Интелигентните сегментирани LED DRL светла се видени и на други Audi модели, но кај Q7 се уште понапредни.

Покрај проектирањето предупредувања за работи како што е заледена делница на патот, тие исто така го проектираат трепкачот на земјата за да ги предупредат другите учесници во сообраќајот. Тука има уште многу други трикови што со помош на сигнализацијата на светлата ја зголемуваат безбедноста во сообраќајот.

Неодамна прикажаната внатрешност на идниот знаменосец Q9 во голема мерка се препознава и во новиот Q7.

Големиот заоблен OLED дисплеј ги комбинира инструментите, на централниот дисплеј се инфозабавните функции, додека совозачот добива свој посебен екран.

Q7 исто така има импресивен панорамски стаклен покрив кој може да се префрли од транспарентен во непроѕирен. Стандардни се два реда седишта, а со доплата може да се добие и трет.

За прв пат сопствениците можат да изберат индивидуални седишта наместо клупа.

Багажниот простор се движи од до 722 литри со склопени задни седишта до речиси 2.000 литри во зависност од конфигурацијата на седењето.

При лансирањето ќе биде понуден три литарскиот V6 турбодизел во две изведби. Посилната испорачува 299 КС и 630 Nm вртежен момент додека посмирената 245 КС и 500 Nm. Благиот хибриден систем придонесува со 24 КС кај двете варијанти при што помага да се подобри ефикасноста и динамичноста.

Според официјалните податоци во комбинирани услови потрошувачката ќе се движи помеѓу 7,1 и 8 литри на 100 км. Подоцна ќе бидат на располагање и бензински единици, првенствено наменети за САД, V6 со 435 КС и 4 литарски V8 мотор сега навиен на 600 КС.

Адаптивно воздушно потпирање, управување на сите тркала, постојан погон на сите тркала и електронски контролирано амортизирање се дел од стандардниот пакет. Суспензијата може дури и да користи податоци за рутата за да се подготви за претстојни пречки како што се премини преку пруга, и да се спушти за да им го олесни влегувањето и излегувањето на возачот и патниците.

И тоа е далеку од последното од паметната технологија. Новиот Q7 може да запамети до пет маневри за паркирање во должина до 200 метри, да се врати сам наназад во делови од 50 метри, па дури и да застане до работ на патот и да ги повика службите за итни случаи ако возачот не реагира на претходните опомени на системите за асистенција.

Продажбата започнува следниот месец а првите испораки се очекуваат во септември по почетна цена во Германија помеѓу 87.900 до 90.500 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER