Новиот Smart #2 е тука повторно да завладее со градските улици…
Пред триесет години, Smart го претстави својот прв модел, подоцна познат како Fortwo. Производството на култниот градски автомобил со две седишта престана во 2024 година, но тој конечно доби директен наследник во вид на сосема новиот Smart #2.
Визуелно, тој изгледа како еволуција на моделот Fortwo, но со модерни детали кои се малку поумерени во споредба со концептниот модел. Промените вклучуваат редизајнирана графика на агресивните предни светла и тркалезни задни светла, помали алуминиумски бандажи, конвенционални рачки на вратите и поедноставени браници. Понудата вклучува нивоа на опременост Pure, Pure+ и Premium. Smart исто така го претстави и моделот #2 Couture Edition, инспириран од концептот претставен лани, кој е ограничен на серија од 999 примероци за европскиот пазар. Оваа верзија се одликува со посебен капак на предната маска што потсетува на чанта од Louis Vuitton, како и со аеродинамични додатоци на предниот и задниот браник.
Новиот модел е за 51 мм подолг од последниот Fortwo и за цели 246 мм подолг од оригиналниот Smart од крајот на 90-тите години. Иако Smart #2 е дизајниран од Mercedes, тој е поставен на наменската платформа ECA (Electric Compact Architecture) развиена од кинескиот производител на автомобили Geely. Ова електрично возило се придвижува од електромотор поставен назад, кој испорачува 82 КС и вртежен момент од 130 Nm. Уште поважно, батерискиот пакет од 35,8 kWh овозможува автономија од 290 км, што е повеќе од двојно во споредба со опсегот од 135 км на моделот EQ Fortwo.
Батеријата поддржува брзо полнење со еднонасочна струја од 65 kW, со што се полни од 10% до 80% за 20 минути, а ја поддржува и функцијата V2L (напојување на надворешни уреди од батеријата). Smart сè уште не ги објави цените, но тој ќе биде скап. Покрај Европа и Обединетото Кралство, Ѕmart #2 ќе се продава и на други пазари, вклучително и во Кина.


