Кинеските брендови масовно се претставуваат во Париз, а Leapmotor B03 е еден од моделите што ги тера западните производители да бидат на штрек.

B03 е електричен хечбек од субкомпактната класа, дизајниран да им ги преземе купувачите на VW ID. Polo и Renault 5, нудејќи подобри перформанси, повеќе опрема и поголема автономија за значително пониска цена. Истиот автомобил во Кина е познат како B05, каде што чини помалку од 7.500 евра. Европската верзија е значително поскапа, со проценети околу 25.000 евра. Сепак, веројатно ќе биде хит меѓу возачите кои одлуките за купување ги носат рационално, а не емотивно. Според Leapmotor, компанија во која делумен сопственик е Stellantis, субкомпактниот B03 се позиционира над постоечкиот модел T03, а под кросоверот B03X. Стандардно доаѓа со батерија од 53 kWh која обезбедува автономија од 389 км. B03 го придвижува еден електромотор со 194 КС, доволно моќен за да забрза до 100 км/ч за само 7,6 секунди. Тоа го прави само две десетинки побавен од спортскиот хечбек Alpine A290 GT. Предностите на Leapmotor не застануваат тука. Неговата максимална моќност на полнење од 133 kW е поголема од онаа што ја нудат Renault или VW, овозможувајќи му на B03 да се наполни од 10 до 80 проценти за 21 минута. Надворешноста на B03 е пријатна, но неособено оригинална, а ентериерот наликува на кабините на многу други кинески автомобили. Комбинира екран на допир од 14,6 инчи со дигитална инструмент-табла од 8,8 инчи и ветува лесен пристап до бројни функции преку гласовни команди. Сепак, без оглед на неутралниот дизајн, силните перформанси и автономијата, како и богатата опрема ќе биде многу привлечен за купувачите кои ја ценат вредноста за парите.

 

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER