Претставен новиот Volkswagen ID.Tiguan (видео)

Засега сé уште под камуфлажа

Volkswagen го претстави својот најпродаван модел во електрично издание. Или поинаку кажано, германскиот производител го замени својот најдобро продаван електричен модел ID.4 со новиот ID.Tiguan. Како наследник и на ID.5 светската премиера ќе ја има наредната недела, додека лансирањето на пазарот е планирано за почетокот на 2027-ма година. Се разбира, Tiguan со класичните бензински, дизел и плаг-ин погонски групи ќе остане во понуда.

Иако камуфлирани, развојните прототипи кои сé уште се во фаза на тестирања доста јасно го покажуваат дизајнот кој сега е малку со помеки линии. Германците велат дека целосно новиот дизајн ќе му даде визуелно присуство карактеристично за возило од повисок сегмент. Внатрешноста не е позната, исто како и техничките спецификации.

ID.Tiguan е трет електричен модел на Volkswagen кој носи препознатливо име место бројка во ознаката која го позиционира во понудата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER