Четвртиот модел на Bentley ќе се вика Torcal
Исто како претходно Bentayga, Bacalar и Batur, името на идниот електричен SUV на Bentley е инспирирано од природните убавини на планетава, овојпат од шпанскиот национален парк Торкал де Антекера кој се наоѓа во провинцијата Малага. Од компанијата за него велат дека ја продолжува неспоредливата мешавина на врвната изработка и перформансите што го дефинираат брендот од 1919 година. За разлика од Continental GT, Flying Spur и Bentayga, тој ќе биде електричен и според достапните информации ќе ја има механиката на Porsche Cayenne Electric. Тоа значи дека ќе има архитектура на 800 волти која ќе овозможи за седум минути батериите да се наполнат за поминување 160 километри. Доколку ги презеде и електромоторите од својот донатор ќе има и до 1.156 коњски сили. Се очекува дизајнот да го позајми од радикалниот минатогодишен концепт EXP 15 додека ентериерот ќе биде мешавина на традиционалниот луксуз на Bentley со необични заоблени дисплеи и мултифункционални технологии.
Новиот Bentley Torcal ќе биде претставен на 23 септември годинава во Лондон. Повеќе информации за него очекуваме во наредните недели.


