BMW i3 – Повеќе отколку само уште еден електричен автомобил

Новиот електричен седан на BMW, вториот модел од Neue Klassе серијата, ја доживеа својата премиера

Со овој есенцијален за неа автомобил баварската марка го ресетираше времето – исто како и некогаш одамна со оригиналната Neue Klasse од која подоцна произлезе серијата 3. Како автомобилска икона од германска продукција веќе пет децении со својот постојан напредок ги симболизира спортскиот дух, задоволството во возењето и привлечниот дизајн. Наследството кое секоја генерација на серијата 3 го има оставено во историјата сега е дополнето со нова карактеристика – електрификацијата.

Новиот i3 доаѓа со јасна амбиција – да ги редефинира стандардите во класата, како според автономијата и перформансите, така и по дизајнот и технологиите. Сосема случајно ја носи истата ознака како и градскиот хечбек кој ги одбележа раните денови на електрификацијата на марката но исто како и него од темел е развиен да оди на струја, без компромисите кои наметнува прилагодувањето на постоечките платформи. Архитектурата на 800 волти во потполност ги подржува перформансите и карактерот на возилата со мотори со внатрешно согорување.

Ќе стартува со изведбата 50 xDrive со два електромотора со заеднички 469 коњски сили 645 Nm вртежен момент кои тежината од приближно 2,3 тони ќе ја лансираат до 100 km/h за околу четири секунди. Струјата доаѓа од батериите со капацитет од 108 kWh доволни за поминување на сериозни 900 километри. Како технолошки лидер се наметнува и со можностите за полнење – десет минути се доволни за 400 километри пат. Технолошкиот арсенал вклучува и двонасочно полнење – враќање на струјата во мрежата или пак напојување на разни уреди во домаќинството. Секако, не е занемарено ниту однесувањето во возењето – идеалната распределба на тежината од 50:50 го овозможува тоа.

Дизајнот е чист и едноставен и дава моќно присуство на патот. Пропорциите ги задржуваат класичните соодноси со долго меѓуоскино растојание и кратки превиси. Предниот дел донесува радикално нова интерпретација на заштитното лице на BMW со светла и бубрези споени во единствен елемент. Внатрешност претставува голем исчекор во однос на другите модели на марката. Традиционалната инструмент табла во целост е исфрлена и заменета со дисплеј кој се простира по целата широчина наменета за неа. Како и што треба, големиот централен екран благо е свртен кон возачот.

i3 покажува дека BMW новата ера на електрификацијата ја започнува со сериозни амбиции. Она што недостасува во моментов е само е само цената.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER