In Memoriam – Ford Focus замина во историјата (видео)

Промените на пазарот доведоа до крај на ерата на Focus

Низ своите четири генерации издржа 27 години но не можеше повеќе – свртувањето на купувачите кон сеприсутните SUV модели му пресуди. Последниот примерок Ford не го удостои ниту со едно кратко збогум да му заблагодари што толку долго беше симбол на динамичните возења и модерните технологии со кои заедно со пристапите цени им донесе 12 милиони купувачи. Беше револуција кога со својот New Edge дизајн го замени легендарниот Escort и со 444 поени ја освои титулата европски автомобил на годината пред Opel Astra која имаше 269 и Peugeot 206 со 248 поени. Тоа беше тогаш но сега на купувачите им останува да бираат нешто друго а на работниците во фабриката Сарлуј каде се произведуваше да се грижат за своите судбини.

Едно сепак е сигурно – Focus ќе остане запаметен како автомобил кој одбележа едни времиња за кои генерации возачи веќе жалат што поминале.

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER