Сосема нов дизајнерски правец на Mitsubishi
Mitsubishi храбро тргнува во нов дизајнерски правец претставен со концептот Elevance. Линиите на надворешноста мазни и заоблени, стаклените површини големи а светлата впрочем како и сите детали футуристички обликувани. Формата е елегантна но оддава робусност како да сака да каже ова може да биде нов Pajero. Не би се изненадиле ако еден ден стане сериски производ.
Кабината е пространа подготвена за сместување шест патици во три реда. При тоа предните седишта можат да се свртат наназад а последниот ред да се склопи или пак извади. За концептот е замислена и посебна приколка обликувана во истиот стил која може да биде што ќе се посака.
Интересно е дека концептот не е електричен туку плаг-ин хибриден чиј мотор со внатрешно согорување освен бензин може да троши и горива кои не емитуваат јагленород диоксид. Негова задача е да ги полни батериите кои со струја ќе ги напојуваат четирите електромотори, за секое тркало по еден.




