Giulia и Stelvio остануваат во производство до 2027-ма година
Очекувано Alfa Romeo им го продолжи животниот век на Giulia и Stelvio кои ќе се задржат во понудата до 2027-ма година. Овие два клучни модели на италијанската марката беа 2015-тата и 2016-тата и требаше да бидат заменети со електрични наследници. Но бидејќи секогаш има некое но, тие место да отидат во пензија добија уште две години живот, барем додека во компанијата вистински не ги ревидираат плановите за иднина. А тоа за жал не е така едноставно што значи дека купувањето време со задржувањето на бензинските Giulia и Stelvio е од витално значење.
Првобитната стратегија на Stellantis беше Alfa Romeo да стане исклучиво електрична марка, и тоа токму од наведената 2027-ма кога требаше да се појават новите Giulia и Stelvio во такво издание. Но промените на пазарот посебно ситуацијата во која се најде некогаш миланската марка не го дозволуваат тоа. За брзо прилагодување проблем е што платформата на која треба да бидат поставени сé уште не е прилагодена за бензински мотори, а сегашната ситуација не дозволува поинаква тактика. Затоа и сегашните модели ќе останат во понуда додека инженерите не си ја завршат својата работа. Потенцијал каков-таков имаат а за понатаму ќе видиме…



