Шведската марка повторно има пионерска улога во безбедноста
Реномираното списание Time ги прогласи новите повеќекратно прилагодливи сигурносни појаси на Volvo за еден од најважните изуми годинава. Осмислени за поефикасна заштита тие автоматски се приспособуваат како на патниците така и според сообраќајните услови за што користат податоци во реално време обезбедени од бројни сензори. Се земаат предвид висината, тежината и телесната градба на патникот како и положбата на седиштето. На тој начин се обезбедува индивидуална заштита за секој човек поединечно која ги намалува ризиците од повреди. Повеќекратно прилагодливите сигурносни појаси ќе бидат вградувани во новиот EX60 кој премиерно ќе биде покажан на почетокот на идната година.


