Овојпат како електричен модел
Минатата година согласно новововедената номенклатура, Audi го укина А4 и замени со А5. Одлуката парните бројки да бидат резервирани за електричните модели не опстана долго, а А4 испадна единствена жртва. Но тој ќе се врати – како електричен автомобил. Според зборовите на главниот на марката Гернот Делнер компанијата развива нов модел кој ќе ги понесе дизајнерските одлики на свежопретставениот концепт C (на фотографијата). Ќе биде базиран на SSP платформата што значи дека нема да пристигне пред 2028-ма година, која ќе биде основа и за доста други модели во групата меѓу кои и на електричниот Golf. Карактеристика ќе ѝ биде што во неа ќе биде вградена експертизата од Rivian што треба да го направи идниот А4 подобар конкурент од електричните ривали од Минхен и Штутгарт кои ќе дојдат на пазарот пред него.