Екрани насекаде
Подготвувајќи ја јавноста за претставувањето на електричниот Cayenne, Porsche покажа како ќе изгледа неговиот ентериер. Различен од моделите со бензински мотори бидејќи тие се сосема поинакви, прво што се забележува се многуте екрани кои ги има насекаде. Пред возачот е закривена дигиталната инструмент-табла од 14,25 инчи, а сопатникот си има свој сопствен малку поголем екран од 14,9 инчи на кој може да гледа што сака без да му пречи на возачот. На централното место во кабина се наоѓа је двослен OLED дисплеј со кој се управува со мултимедијалниот систем, со допир или гласовен асистент заснован на вештачката интелигенција. Сето тоа го дополнува и проекцијата на ветробранското стакло со дијагонала од дури 87 инчи. Сепак за пофалба е што покрај овие екрани се задржани и физичките копчиња за најважните функции.
Од другите технологии се издвојуваат електронскиот клуч со мобилен телефон кој автоматски го отклучува возилото кога сопственикот ќе пријде до него. Дополнително, клучот може да се дели со седум луѓе. Целокупниот амбиент во кабината – осветлувањето, климатизацијата, аудио-системот и седиштата со греење, вентилација и масажа можат да се ускладуваат според желбите, а панорамскиот покров со подвижен преден дел може да го менува нивото на транспарентност. Предвидени се и загревани подрачја на наслоните за раце во вратите и на централниот тунел а задните седишта електрично се подесуваат по должина.
Што се однесува до техниката, детали уште нема освен она познатото – дека е заснован на 800-волтна платформа, а капацитетот на батериите изнесува до 113 kWh. Премиерата му се очекува до крајот на годинава или евентуално на почетокот на идната.





