Honda направи Покемон мотоцикл
Талкајќи по интернет пространствата викендов налетавме на интересна информација – Honda ги повикува сите деца да дојдат на јапонското мото гран-при за да се дружат со покемон мотоциклот Koraidon. И да не беше фотографијата веднаш ќе ја прескокневме, но таа нé заинтересира да прокопаме подлабоко. А она што го откривме нé изненади исто колку што ќе ги израдува децата – навистина постои таков мотоцикл. Проектот е стартуван пред неколку месеци и на него имаат работено четириесетина инженери, заради чија посветеност овој чуден мотоцикл иако место тркала има нозе не е играчка туку располага со футуристички самобалансирачки технологии. Затоа и на покемон мотоциклот може да се возете или пак тој сам да оди – како, погледнете и сами, малку е тешко да се објаснува со зборови.