Yangwang U9 Xtreme постигна 496,22 километри на час
Кинескиот Yangwang U9 им зема мерка на Bugatti, Koenigsegg и другите постигнувајќи 496,22 километри на час. За оваа брзина постигната на патеката Папенбург во Германија заслужна е монструозната технологија на електричниот тркач. Неговите четири електромотори развиваат неверојатни 3.019 коњски сили за чие кротење шасијата е посебно подесена. За стабилноста се грижи и напредната аеродинамика а електрониката ја контролира испораката на сила и до сто пати во секунда. Интелигентното ослонување поединечно ги подесува параметрите на секое тркало овозможувајќи беспрекорен контакт со асфалтот при нагли забрзувања и возење низ свиоци. И пневматиците се посебни а за намалување на тежината каросеријата е направена од јагленородни влакна.


