IAA 2025 – Mercedes GLC EQ (фото-галерија, видео)

Трикраката ѕвезда сега поинаку блеска

Сакајќи да ја засени најголемата премиера во Минхен, Mercedes наново ја светна трикраката ѕвезда и ја постави на огромна маска на новиот GLC EQ. Конзервативците ќе бидат задоволни, но и оние со модерни сфаќања бидејќи не е само нејзиниот сјај адут на електричниот кросовер. Тој со бројни технолошки иновации и подобрена просторност цврсто гази по патот на својот претходник кој важи за најдобро продаван модел на марката.

Затоа и мора да поставува нови стандарди меѓу кои Германците посебно го истакнуваат новиот MB.OS систем со вештачка интелигенција. Тој ги интегрира и контролира сите аспекти на возилото – од инфо-забавниот систем и автоматизираното возење до удобноста и полнењето на батериите. Комуницира со патниците преку огромен дисплеј со големина од 39,1 инчи, најголем досега вграден во било кој Mercedes. Пространата внатрешност со амбиенталното расветлување кое го осветлува дури и панорамскиот покрив создава единствена атмосфера во возилото исполнета со чувство на добредојде.

Импресивноста на појавата за која се одлучија дизајнерите на Mercedes е само израз на неговите карактеристики и технологии – двата електромотора со своите 490 KS можат да го дотераат до 210 km/h но и да повлечат приколка од 2,4 тони. Архитектурата е на 800 волти, максималната сила на полнење 330 kW а батериите со капацитет од 94 kWh му овозможуваат автономија од 713 km. Адаптивното воздушно ослонување е преземено од S-класата, има 10 камери, 5 радари и 12 ултразвучни сензори а посебна иновација е и транспарентната хауба која со проектирање на сликата пред предната оска на екранот го олеснува возењето по лоши патишта.

Новиот Mercedes GLC EQ во верзијата 400 4Matic ќе се најде во продажба во првата половина на идната година, а подоцна ќе следи и AMG изведба.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER