Врската помеѓу Rolls Royce и светот на популарната музика е стара речиси колку и самата музичка индустрија.
Низ сто годишното постоење Phantom ги слави трајните врски со светот на музиката, опфаќајќи ја секоја ера на модерната музика, од џез и рок до рап и R&B.

Долго пред иконите како Џон Ленон, Елвис Присли и Фарел Вилијамс да се запишат во листата на сопственици на Phantom, уметници како Дјук Елингтон, Фред Астер, Каунт Бејзи, Рави Шанкар, Едит Пјаф и Сем Кук ги уживале удобствата и раскошот што ги нуди Rolls Royce, препознавајќи го „Духот на екстазата“ како дефинитивен симбол на успешните.

Личности за кои е создаден терминот „музички могул“, вклучувајќи ги Брајан Епштајн, Бери Горди и Ахмет Ертегун, беа исто така меѓу најзначајните сопственици на марката. Низ жанрови, географски подрачја и генерации, Rolls Royce останува врвна награда за креативна брилијантност и платно за личен израз.

Од сите модели, Phantom е најтесно поврзан со светот на музиката. Во текот на осум генерации и 100 години постоење, кои се прославуваат годинава, овој извонреден автомобил постојано го избираат некои од најкреативните и највлијателните личности во музичката историја.
Привлечноста на Rolls Royce Phantom кај овие поединци продолжува и тој го задржува статусот на најистакнат луксузен производ во светот на автомобилите, составен од најдоброто во инженерската извонредност, фините материјали и извонредната, висококвалификувана изработка.
Исто така, на сопственикот му нуди слобода да го дефинира својот идентитет и статус. Може слободно да се каже дека Rolls Royce Phantom е возило на музичките благородници, без оглед на кој жанр му припаѓаат. Погледнете како Rolls-Royce Phantom на необичен начин ја прославува својата врска со музичката историја во англискиот град Плимут.

