Lexus Sport Concept (видео, фото-галерија)

Се подготвува духовниот наследник на суперлативниот LFA

Долго време, повеќе од деценија, светот се прашува дали Lexus ќе подготви наследник на LFA. Сега конечно се чини дека одговорот на прашањето е јасен – најновиот концепт на марката едноставно наречен Sport би требало да биде токму тоа.

Идниот спортски автомобил на Lexus што би произлегол од него е инспириран од GT3 тркачката програма на јапонскиот производител. Прогресивно е стилизиран, насочен кон иднината но сепак ја задржува спортската автентичност. Се одликува со широк облик со низок профил и во кој се спојуваат динамични и емоционални елементи. Место ретровизори има камери а задниот спојлер е активен.

Lexus даде многу малку информации за него. Во однос на погонската механика според некои извори се очекува да биде опремен со V8 мотор со хибридна испомош а според други да биде чисто електричен. Тоа ќе го дознаеме при крајот на идната година кога треба да дебитира, веројатно под ознаката LFR.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER