Ford ги смени плановите

Засега само за Америка

Соочен со промените на пазарот и условите за работа, Ford ги смени плановите за американскиот пазар. Сега во прв план е електричен пикап кој треба да пристигне во 2027-ма година со цена од 30.000 долари. Од компанијата велат дека неговата цена е еднаква на цената на Model T од пред еден век, прилагодена на инфлацијата. Ќе се произведува во фабриката во Луисвил во Кентаки, за што ќе бидат инвестирани две милијарди долари. Ќе има четири врати, ќе биде брз како Mustang и попростран од RAV4. За него се подготвува сосема нова флексибилна платформа која ќе биде искористена за семејство други електрични возила од сите типови – хечбек, кросовер, комби возила… Таа во споредба со конвенционалните решенија ќе има за 20% помалку делови, ќе бара за 40% помалку работна рака и ќе го скрати времето на производство за 15%. За неа Ford планира употреба на литиум-железо-фосфатни батерии со кои дополнително ќе се намалат трошоците.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER