Citroen C5 Aircross – бензин, струја или комбинација (видео, фото галерија)

Новиот Citroen C5 Aircross ќе стигне во продажба во втората половина од годинава

Citroen ја претстави новата генерација на C5 Aircross. Верен на необичниот дизајн што го видовме кај концептот, тој освен повеќе простор и поголем комфор нуди и нови технологии. Практичноста е задржана од претходникот а изборот погонски опции го доби од семејната STLA Medium платформа, истата онаа како кај Peugeot 3008 и Opel Grandland.

Каросеријата обликувана со поголем акцент на аеродинамиката го има новото лице веќе видено на C3 и на освежените C4, C4 X и Berlingo. Назад се задржани испакнатите светла кои му даваат доза француска необичност. По должина брои 4,65 метри од кои 2,78 меѓу оските, што го прават за половина класа поголем од сегашната генерација.

Најмногу внимание привлекува внатрешноста. На врвот од тенката лебдечка конзола е сместен 13-инчен екран, под кој на радост на конзервативците се наоѓаат низа физички копчиња. Инструмент таблата е од 10 инчи, а за порелаксирано возење ќе се грижи и head-up дисплејот. Патувањата попријатни ќе ги прават безжичното полнење на мобилни телефони, амбиенталното осветлување, панорамскиот покрив и друго.

Освен дизел, новиот C5 Aircross нема ниту верзија со мануелен менувач. Стартот на понудата е благиот 1,2 литарски трицилиндричен хибрид со 136 коњски сили чиј 12-коњски електромотор е интегриран во шестстепениот менувач со двојна спојка. Плаг-ин изведбата која има 195 коњи е со 1,6 литарски четирицилиндричен агрегат и седумстепена трансмисија и има електрична автономија од 86 километри. Струјата ќе задвижува двете верзии на e-C5 Aircross со 210 и 230 KS кои можат да се пофалат со автономија од 520 односно 680 km. Продажбата на новиот француски адут треба да започне во втората половина од годинава.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER