FIAT Professional – E-Ducato Cargo Box

E-Ducato Cargo Box нуди електричен погон и верзија со еколошкиот MultiJet 4.0

На IAA Transportation 2024 во Хановер, најголемиот европски саем за комерцијални и индустриски возила, FIAT Professional го претстави, големо комбе со исклучителен товарен капацитет и бескомпромисно пространа внатрешност, правејќи ја својата светска премиера како совршен пример на новата програма за конверзија и персонализација на FIAT Professional CustomFit.

E-Ducato Cargo Box нуди импресивен товарен волумен од 18,3 кубни метри. Изграден е на верзијата Battery Electric Chassis Cab, испорачува максимален вртежен момент од 410 Nm и моќност од 270 КС која ја пои батерија од 110 kWh, што го прави високо способно и ефикасно електрично возило. За клиентите на кои им е потребен дополнителен товарен простор, ќе биде достапен и во конфигурацијата L4, која го зголемува волуменот на товарот до 20,5 кубни метри. Двете верзии ќе бидат понудени со опции на електричен и погон со дизел мотор. Моторот MultiJet 4.0, познат по својата доверливост испорачува 140 КС и 180 КС и во двете варијанти обезбедува 450 Nm вртежен момент.

Се нуди со рачен и со осум степен автоматски менувач, обезбедувајќи максимална флексибилност за клиентите. Менувачот AT8 дополнително ја подобрува ефикасноста на возилото и ги намалува емисиите на CO2 до 10 проценти во споредба со претходната автоматска верзија. Оваа комбинација на најсовремена технологија на мотор и менувач ја нагласува посветеноста на FIAT Professional за обезбедување супериорни перформанси со намалено влијание врз животната средина.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER