Kарбонско купе со отровно срце
Британскиот производител AC Cars изненади со купе верзија на легендарниот спортист Cobra. Прв од ваков вид воопшто, автомобилот е затворена верзија на новиот GT Roadster со кој ја дели алуминиумската шасија. Спојувањето на модерните технологии со историскиот изглед резултираше со купе од карбонски влакна со закосен заден дел кој недвосмислено ги наговестува неговите перформанси. А тие секако се за почит бидејќи погонот ќе биде исклучиво од V8 агрегати. Основната верзија располага со 456 коњски сили, компресорската со 730 а специјалната Clubsport Edition од која ќе бидат направени само 99 примероци, со дури 810 коњи.
Нарачки веќе се примаат по цени кои стартуваат од 325 илјади фунти плус даноци, а првите примероци ќе бидат испорачани на купувачите при крајот на идната 2025 година.



